Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка а во пресрет на големиот христијански празник Велигден, за возрасна група деца 2 до 3 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
“Подреди по боја“- математичка игра
Цели на оваа активност се:
- оспособување за групирање на предметите (јајцата) според воочлива особина (боја),
- оспособување за решавање на едноставни проблемски ситуации,
- препознавање на боите, ги разликува и именува.
За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:
- сина хартија
- жолта хартија
- црвена хартија
- ножички
Опис на активноста која можете да ја реализирате заедно со вашите деца кои се на возраст од 2 до 3 години.

Слика бр.1
Драги родители за денешнава активност ни е потребна и ваша помош. Најпрвин земете ги потребните материјали покажете им ги на Вашите деца и пред нив нацртајте готов формат на јајца и исечете ги.
Сите исечени хартиени јајца во три бои се ставаат на купче заедно (слика 1).

Слика бр.2
Се зема едно и му се посочува на детето ,,ова е црвено јајце,, ајде сега ти издвои ги другите од купчето и стави ги до ова црвено јајце

Слика бр.3
Истото се повторува и со другите јајца сини и жолти (слика бр.3).

Слика бр.4
- Откако детето ќе достигне да ги издвојува јајцата од една боја па друга му се понудува сите три наеднаш (на бел лист се става јајце со црвена, на друг сина и на третиот жолто-детето едно по едно зема од купчето и го става на соодветното место
- По завршување на овие активности поттикнете го вашето дете да обои големо велигденско јајце на пример во црвена боја и сите хартиени јајца од математичката игра да ги стави врз него
- И играчките можете да ги наредите по боја-на детето како на слика 04 му ставате по едно јајце од сите бои а тоа ги издвојува коцките и ги става соодветно на бојата од јајцето.
- По даден вербален налог(инструкција) од нас детето ги подредува во линија хартиените јајца. Пример-редиме во линија црвено, жолто, црвено, жолто. Поттикнете го детето да и тоа се обиде да ги нареди под нив по примерот даден од вас.
Со реализацијата на овие активности ќе поттикнеме Вашето дете да ги организира и сортира предметите по одредена карактеристика-боја .
Со овие активности се поттикнува на размислување, помнење, децата создаваат ментални слики и решаваат едноставни проблемски ситуации.
Се надеваме дека денешнава понудена активност ви се допадна .