Градинката организира и спроведува исхрана за сите корисници на нашите услуги при што се почитуваат стандардите за детски градинки како и инструкциите од стручните институции кои се компетентни во оваа област.
Нудиме традиционален начин на исхрана со продукти од наше поднебје.
Храната се подготвува во централната кујна и се дистрибуира по останатите објекти. Транспортот на храна се врши во термос лонци и возило кое е исклучиво за таа намена. Централната кујна и кујните по објектите ги задоволуваат Хасап стандардите.
Сите лица кои ја спремаат, превезуваат, преземаат и ја сервираат храната двапати годишно подлежат на систематски санитарен преглед, а останатите еднаш годишно.
Во насока на одржување на квалитетот на продуктите, храната се обработува на следните начини: варење во вода, варење на пареа, печење во рерна.
Оброците се сервираат по следното:
- доручек – во 8.30 часот
- ужина – во 10.00 часот
- ручек – во 12.00 часот
- ужина – во 14.45 часот
Предвидени листи на оброци
Мени за исхрана
- Појадок: Макарони со изварка и чај од шипка
- Појадок за јасли: Макарони со изварка и чај од шипка
- Прва ужинка: Овошје
- Ручек: Вариво од леќа со просо и зеленчук (пиперки, морков, кромид), варено јајце и биолошки леб
- Ручек за јасли: Вариво од леќа со просо и зеленчук (пиперки, морков, кромид), варено јајце (блендирано) и биолошки леб
- Втора ужинка: Пудинг
Мени за исхрана
- Појадок: Биолошки леб со намаз од путер и мармалад со млеко
- Појадок за јасли: Пченичен гриз со млеко
- Прва ужинка: Сок
- Ручек: Вариво од грашок со пилешко месо,зеленчук,салата и биолошки леб
- Ручек за јасли: Вариво од грашок со пилешко месо,зеленчук,салата и биолошки леб
- Втора ужинка: Пинелии со урда
Мени за исхрана
- Појадок:Лајбица со кашкавал и чај од шипка
- Појадок за јасли: Тарана со изварка и чај од шипка
- Прва ужинка: Јаболко
- Прва ужинка во јасли: Јаболко
- Ручек: Вариво од компир со пилешко месо,салата и биолошки леб
- Ручек за јасли: Вариво од компир со пилешко месо,салата и биолошки леб
- Втора ужинка: Сезонско овошје
Мени за исхрана
- Појадок: Биолошки леб со намаз од путер и мед со млеко
- Појадок за јасли: Бисквити со млеко
- Прва ужинка: сок
- Ручек: Вариво од ориз со пилешко месо , биолошки леб и сезонска салата
- Ручек за јасли: Вариво од ориз со пилешко месо , биолошки леб и сезонска салата (блендирано)
- Втора ужинка: Благ колач
Мени за исхрана
- Појадок: Проја со јогурт
- Појадок за јасли: Палента со изварка и чај од шипка
- Прва ужинка: Сезонско овошје
- Ручек:Вариво од макарони со јунешко мелено месо,зеленчук,салата и биолошки леб
- Ручек за јасли:Вариво од макарони со јунешко мелено месо,зеленчук,салата и биолошки леб
- Втора ужинка: Кондиторски производ
Наши заложби за исхрана се
-
Исхрана без присилба
учење на самостојно јадење преку охрабрување и чести повторувања без присилба
-
Уживање при исхраната
давање време на детето да заврши со јадењето – нема нудење да јаде со сила или да изеде се од чинијата затоа што сметаме дека јадењето треба да е уживање
-
Разновидна исхрана
поттикнување на детето за внес на различни видови хранливи продукти
-
Самостојност во исхраната
поттикнување на јадењето кај децата преку атрактивно сервирање и личен пример (детето учи од другите како се јаде)