Денот на усвојувањето на азбуката на македонскиот јазик 5-ти мај со низа на разни активности беше одбележан во сите објекти на ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел. Македонската азбука како официјално и единствено писмо на македонскиот јазик е нашата најкомплетна татковина која треба да се негува. Затоа децата уште од мали нозе се воведуваат во писменоста и постепено го осознаваат нејзиното значење.
