13 Ноември „Ден на ослободување на Скопје“

13 Ноември „Ден на ослободување на Скопје“

Дечињата од нашата градинка ЈОУДГ “11 Октомври” – Бутел објект Бутел 1 по повод 13 Ноември „Ден на ослободување на Скопје“, заедно со своите учителки направија кратка прошетка низ центарот на градот Скопје. Прошетката низ плоштадот Македонија, фотографирање со споменикот на Александар Македонски, пешачење по Камениот Мост, Кејот на реката Вардар, како и фотографирањето со многуте споменици и Музеи предизвикаа воодушевување и радост кај дечињата. Воедно низ разговор со своите учителки додека траеше прошетката децата се запознаа со важноста на одбележувањето на овој ден – Денот од кога Скопје пулсира како слободен град и се движи по патеката на својот постојан развој.