Проект за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени

Проект за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени

Во текот на период од октомври- април 2021-2022 во рамките на Нашата градинка се спроведува проектот „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени’’ спроведуван од УНИЦЕФ и Здружение на граѓани за заштита и унапредување на животната средина “ECO – LOGIC” со финансиска поддршка на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА). Целта на реализација на активностите е преку искуствено учење да се подигне свеста кај децата за значењето на образованието за животна средина и климатските промени.

Активностите кои се реализираа а беа во насока на унапредување на образованието за животна средина и климатски промени беа:

  • Ефект на стаклена градина
  • Загадување на вода и почва
  • Природен термометар
  • Фаќач на дожд
  • Профил на почва
  • Растенија и ерозија на почва
  • Растенија и загадување на вода
  • Топење на мраз
  • Хотел за бубачки
  • Хранилка за птици
  • Рециклирање на органски отпадоци
  • Ртење на семиња