Презентација на Проект „Низ сокаците на Старата Скопска Чаршија како низ галерија на уметности и занаети“ во РЕ „Страшо Пинџур“

Презентација на Проект „Низ сокаците на Старата Скопска Чаршија како низ галерија на уметности и занаети“ во РЕ „Страшо Пинџур“

На 24 април 2025 година во просториите на РЕ Страшо Пинџур се одржа презентација на Проектот „Низ сокаците на Старата Скопска Чаршија како низ галерија на уметности и занаети“ на која со голема чест и задоволство проследивме какви се активности имале децата од сите возрасни групи во објектот при реализација на проектот.

Планирани и реализирани активности

·Организирана  посета на Старата Скопска Чаршија

·Имитативни  игри  во занимална  (гостилничар, слаткар, бербер…)

·Обработка на приказни, стихотворби, драматизации и гатанки прилагодени според возраста на децата

·Именување на занаетите, учење на нови зборови

·Соработка со Александра Козаровска  проф. по Македонски јазик

·Занаетите низ детските раце  (детски труд)

·Работилница со родители и деца на тема  „Јас сум мајстор за…..

Целта на оваа работилница беше да ги навратиме родителите во нивното детство и на малку подзаборавените занаети во чаршијата.

Заедничка работа и соработка на родителите, децата и вработените. На крај, сите изработки  ги изложивме на видно место во градинката. Децата имаа можност да ги гледаат секој ден и да се гордеат со своите постигнувања.