Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 3 до 4 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
KОИ СЕ ДОМАШНИ ЖИВОТНИ
Цели на оваа активност се:
- Стекнување на нови знаења,
- запознавање со домашните животни развивање на љубопитност и интерес за животните (каде живеат, кој ги одгледува, со што се хранат)
Потребен материјал:
- Слики со домашни животни,
- пластично шише,
- хартија тврда и мека,
- кафеава боја
Активноста започнете ја преку разговор за тоа кои животни ги викаме домашни, поттикнете го детето да ви ги наброи, а потоа вие кажете ги сите домашни животни, објаснете дека домашните животни ги викаме така бидеејќи човекот ги чува дома во домашни услови и се нарекува фармер, тие имаат посебно живелиште фарма и јадат храна за домашни животни. На забавен начин преку гласовна имитација набројте кое животно како прави. Oбидете се да направите домашни животни и куќичка каде што тие живеат употребувајќи ја креативноста како на сликите на примерите.
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА