Во текот на воспитната 2023/2024 година во ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел се реализираа 4 (четири) проекти од страна на воспитниот кадар и децата од 2-3 години.Во РЕ Чаир се реализираше проектот “Стави ја школката на уво да ја слушнеш тишината”.Целта беше преку бајките и сликовниците за морињата и океаните, кои се мирни и тивки однадвор а...
Категорија: <span>Активности за деца</span>
Завршна приредба 2024
На 29 мај на Плоштадот Слобода во Општина Бутел околу 250 дечиња од ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел настапија на завршната приредба. Низ игра и песна децата свечено се збогуваа со градинката но воедно најавија едно ново поглавје, тие ќе бидат првачиња. Генерација 2023/2024 среќно.
Детски пролетен фестивал – Јахиа Кемал
На покана на училиштето Јахја Кемал во Карпош на 30.05.2024 година група на дечиња од Објект Бутел 1 на нашата градинка 11 Октомври-Бутел настапија на Детскиот пролетен фестивал. Децата настапија со песничката пчелка и уживаа во дружбата со другите учесници од останатите скопски градинки.
Посета на Саем на книга 2024
На 23.04.2024 година дечињата од големата воспитна група на нашата градинка “11 Октомври”-Бутел РЕ Бутел 1 заедно со своите воспитувачки го посетија 36 издание на САЕМОТ НА КНИГАТА 2024. Дечињата по кратката прошетка низ штандовите од разни издавачки куќи беа гости на штандот на АРС ЛАМИНА и интерактивно учествуваа во читањето на детска енциклопедија. Љубовта...
Светски ден на водите 2024
На 22.03.2024 година во дворот на РЕ Бутел 1 на ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел во соработка со родителите, пошироката општествена средина односно претставници од општина Бутел и заедничка активност со децата ја дочекавме пролетта и го прославивме Светскиот ден на водите, преку засадување и полевање цвеќиња, цртање и боење на живиот свет во водите, превиткување на...
Одбележување на новогодишните празници
Крајот на декември во сите 5 објекти на ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел во подготовка на воспитниот кадар се одигра претставата “Писмо до Дедо Мраз”. Многу новогодишни песни, многу детски насмевки и пакетчињата од Дедо Мраз ја најавија Новата 2024 Година во нашата градинка. Најубави желби за сите посакаа дечињата и вработените во ЈОУДГ “11 Октомври” –...
Одбележување на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје
По повод Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна на ден 13.11.2023 година (понеделник) во ЈОУДГ “11 Октомври” – Бутел РЕ Чаир се реализира настанот ”ГО САКАМ МОЈОТ ГРАД СКОПЈЕ”. Во салата на градинката вработените од воспитниот кадар ја изведоа претставата насловена “Го сакам мојот град Скопје” (двојазична) со тематика за градот Скопје...
Посета на Етнолошкиот музеј на Македонија
Дечињата од големите групи на нашата градинка “11 Октомври”-Бутел објект Ташко Караџа заедно со своите воспитувачки на ден 01.11.2023 година го посетија Етнолошкиот музеј на Македонија. Посетата беше направена како дел од активностите на децата во рамките на проектот: Создаваме спомени…”Традицијата-нашето минато, сегашност и иднина”. Музеите се одлична прилика децата директното да се запознаат со...
Одбележување на 16ти Октомври – „Светски ден на здравата храна“
Со низа активности во сите работни единици на ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел одбележан 16 октомври – Светскиот ден на здравата храна.
Претстава “РАСПЕАНА ТУРЛИТАВА”
На 26 и 28 септември дечињата од сите објекти на нашата градинка ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел ја проследија театарската претстава “РАСПЕАНА ТУРЛИТАВА” во соработка со ЗГ “АРТ КУЛТ-УРА! “. Темата на претставата им овозможи на децата да се стекнат со сознанија за позитивен импакт при изборот, видот и начинот на примена на здрава храна. Покрај тоа...









